24 Мај - Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Со свечена академија во салата „Бели мугри“, во превечерјето на празникот беше одбележан 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.  Големината на овој значаен празник во своето обраќање ја истакна  Градоначалникот Петров кој им додели и пригодни признанија на најуспешните просветни работници во Велес за 2010 година: Веселинка Маџарова-Андова, најдобар наставник во основното обрзование и Петре Петрушевски, најдобар професор во средното образование.

Свечената академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј беше пропратена со пригодна културно уметничка програма во чии рамки настапија младите велешки уметници Јованче Банев и Александар Манев  кои на пијано  изведоа дела од светски класици.

На свеченоста, уметничкиот дел го збогати и настапот на хорот при ООУ „Васил Главинов“,  победник на Хорските смотри 2010.