Обука на наставниците за работа со деца со пречки во развојот
Започна реализацијата на планираната обука на наставници од одделенска настава за работа со деца со пречки во развојот.Наставниците ќе работат во три групи по два дена, а се распоредени по следниот редослед. Прва група - ООУ Стојан Бурчевски Буридан, ООУ Рајко Жинзифов - Оризари, ООУ Благој Кирков и ООУ Ј.Х.Џинот. Втора група - ООУ Св. Кирил и Методиј и ООУ Блаже Конески и Трета група - ООУ Васил Главинов. Целта на обуката е стручно усовршување за работа со деца со пречки во развојот како главен предуслов за нивна социјална инклузија.
На обуката ќе бидат опфатени седум најчесто присутни дијагнози што се присутни во основните училишта, а наставниците ќе добијат стручен совет како и на кој начин да се работи со тие ученици, како и препорака до родителите на тие ученици како да им помагаат во извршување на домашните задачи.
Реализатори:
м-р Асен Прличков - психолог
м-р Драгица Михајлоска - дефектолог
Весна Стојановска Ивановска - дефектолог
Проектот е составен дел на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието и целосно финансиран од буџетот на Општина Велес.