ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ВЕЛЕС“ 2010

Од 1-ви до 4-ти јули годинава, Велес ќе биде домаќин на седмото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ 2010. На прес конференцијата што Организациониот одбор на фестивалот ја одржа на 25 јуни годинава, Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор ги претстави содржините и програмата.Годинава, на фестивалот ќе гостуваат...

 

 

  • Заедницата за фолклорни танци при универзитетот „Мармара“  од Истанбул, Република Турција
  • Фолклорниот ансамбл „Макамличета“  од градот пријател Силистра, Република Бугарија
  • Фолклорниот ансамбл „Дорулетул“ од Фчни-област Лаломита, Република Романија и 
  • Културно уметничкото друштво „Севдах“ од Врање, Република Србија

„Оваа година одлучивме фестивалот да се фокусира на меѓународната културна размена, но и на поттикнувањето на младите во негувањето на богатите фолклорни традиици на народите.Токму затоа помеѓу вкупно 14 ансамбли и групи учесници на фестивалот, годинава младите имаат свој простор.Ги избравме Групата „Ајдаред“ од Скопје и  Детско младинскиот фолклорен ансамбл „СРМА“ од Куманово како носители на оваа годинешна порака на фестивалот „Фолклорот и младоста“, рече меѓу другото Јаневски.

Фестивалот ќе започне со традиционалното дефиле на учесниците низ улиците на Велес, на 1-ви јули (четврток) во 19:30 часот. Веднаш по дефилето, во 20:30 часот е свеченото отворање на фестивалот во Младинскиот парк. И годинава како специјален гостин фестивалот ќе го отвори Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“.Покрај споменатите учесници, на годинешното издание ќе настапат и нашите познати културно уметнички друштва и ансамбли: „Керамичар“, „Распеани велешани“, Т.КУД „Бирлик“, „Коле Неделковски“, „Вила Зора“ како и  гостите:  културно уметничките друштва „Тодор Јанев“ од Чашка и  „Никола Јонков Вапцаров“од Лисиче - Скопје.

Јаневски упати јавна благодарност до медиумите за досегашната поддршка на фестивалот. За седмото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“, Општина Велес од буџетот издвои 600.000 денари. Фестивалот го помагаат и голем број фирми од Велес.