Македонска патриотска песна во чест на илинденците и гемиџиите

Во очи на поаѓањето на Вардарската регата „Гемиџии“, пред споменикот на Гемиџиите, на 30 јуни 2010 година се одржа концерт на македонска патриотска песна „Тука е Македонија“. Повод за одржувањето на концертот е 140 годишнината од раѓањето на македоскиот војвода Јован Наумов Алабакот и 107 годишнината од саможртвата на Гемиџиите. Како што гемиџиите ја пуштале гемијата на отворено море, на пат кон неизвесност, во име на светлите традиции и пренесувањето на вистината, оваа вечер велешани ги водеше песната. Песната што го сплотува и го води македонскиот народ сите овие векови, патриотската песна во изведба на група „Виртус“ и естрадните уметници Елена Велеска и Гоце Арнаудов.