Средба со фолклористите од странство

Во рамките на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“, градоначалникот Горан Петров организираше прием за фолклорните ансамбли од Романија, Бугарија, Турција и Србија-учесници на фестивалот. На приемот што се одржа во Општина Велес, на 2-ри јули годинава, Градоначалникот Петров уште еднаш им посака добредојде на гостите од странство. „За Велес е особено значајно што го одржуваме овој фестивал и што имаме можност да се запознаеме со Вашиот фолклор, традиции и култура.

Претставниците на фолклорните друштва ги пренесоа своите први впечатоци за Велес како убав град со специфична конфигурација и гостољубиви жители. На средбата со градоначалникот беше нагласено дека неретко, фолклорните ансамбли се носители на интензивната меѓународна соработка и збратимувањето на градовите. При својот престој во Велес, ансамблите од странство имаат можност да видат значајни историски и културни споменици и да се прошетаат во крајбрежјето на езерото „Младост“.