ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН – 2010
На 27 јули стартуваше првата манифестација од проектот на Министерството за култура Топол култирен бран 2010 во Велес. Во организација на Општина Велес оваа манифестација чија основна цел да ги доближи сите облици на културно создавање до сите граѓани, првата вечер се одржа во два дела. Во Ликовниот салон беше претставен културен триптих – изложба, промоција и концерт. Изложбата на младиот сликар Јован Наумоски е приказ на детството на африканските деца низ фотографски филм со 36 пози. Промоцијата на книгата „Чоколада во портфолио“ на авторот Звонко Танески ја промовираа проф.Анѓелина Бановиќ и проф. Маја Чипишевска Мојсова. Според нив станува збор за поезија – десерт за душата, што се конзумира за засилување на чувствата. Врв на уметничкото доживување беше концетот на пијанистите Габриела Бачманова – Димовска и Илија Настовски кои исполнија дела од Дворжак, Григ и Пјацола.
Вториот дел од вечерта се одржа во амфитеатарот на Младинскиот парк под наслов фолклорни ракувања. Настапија КУД „Младост“ од Самобор Република Хрватска и ансамбл „Керамичар од Велес. Следната вечер од Топлиот културен бран е веќе во сабота, 31 јули со почеток во 20:30 часот. Во амфитеатарот на Младинскиот парк ќе настапи КУД „Селиште костајничко“ од Хрватска Костеница и КУД „Керамичар“ од Велес.