Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“
На својата 19-та седница Советот на Општина Велес донесе одлука за
востановување на актерска награда за животно дело која ќе го носи името
на големиот актер „Петре Прличко“. Наградата востановена по иницијатива
на Општина Велес, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ и
Здружението на драмски уметници на Република Македонија „Џинот“ ќе се
доделува на актери поединци од средната класа кои зад себе имаат
респектабилен творечки опус и континуиран придонес во развојот на
драмската уметност во Република Македонија.
Актерската награда ќе се доделува во плакета со
ликот на Петре Прличко и паричен износ од 1000 евра. Општина Велес ќе
обезбеди половина од паричниот износ. Останатиот дел ќе го обезбеди
Народниот театар „Јорадан Хаџи Константинов –Џинот“ кој воедно ќе
организира театарска претстава во чест на добитникот на наградата.
Плакетата со ликот на Петре Прличко ќе ја обезбеди Здружението на
драмски уметници на Република Македонија „Џинот“. Наградата ќе се
доделува свечено секоја година во октомври.
Ова е начин општината во соработка со Народниот театар „Јорадан Хаџи Константинов - Џинот“ и Здружението на драмски уметници на Република Македонија „Џинот“ да му оддаде достојна почит на македонскиот скомрах, човекот што креираше нова димензија на актерството на македонските „штици што живот значат“, незаборавниот велешанец од Којник, Петре Прличко.
Истовремено, во комплексни услови за опстојување и развој на актерството во Македонија, се очекува оваа награда да биде поттик за македонските актери во развојот и афирмацијата на театарската уметност.