Противпожарно возило за Чашка

На 10-ти септември годинава, во Општина Чашка, градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров и Градоначалникот на Општина Чашка, Горанчо Пановски потпишаа Договор за времено користење на противпожарно возило. Во духот на успешната меѓуопштинска соработка и поддршката на планот на зајакнувањето на капацитетите за пртивпожарна заштита, Општина Велес на Општина Чашка и даде на располагање противпожарно возило тип FAP со соодветна опрема.

Како што нагласија градоначалниците при потпишувањето на договорот, преку овој пример на меѓуопштинска соработка и двете општини придонесуваат за подобрување на услугите и безбедноста на граѓаните на планот на заштитата од пожари. Договорот  помеѓу општините е со важност од 5 години. Трошоците неоподни за одржување на возилото ќе ги покрива корисникот - Општина Чашка.