Празник со велешките легенди

Мелодиите на младоста го разубавеа одбележувањето на најголемиот празник на македонскиот народ во Велес. Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, а по повод Денот на независноста 8-ми Септември, во Младинскиот парк се одржа второто издание на манифестацијата „Велешки легенди“. Чурувија, Оршата, „Зрак“, „Ламанш“,„Елиси“, „Лебеди“„Триумфи“, „Негрос“ , Ноне, Орхидеја беа само дел од велешките легенди кои многу генерации велешани ги вратија во младешките денови и покажаа дека и денес Велес има музички таленти со кои може да се гордее. Шлагери, поп балади, рок хитови..широкиот репертоар овозможи посебно доживување за сите генерации посетители, а ги имаше и други градови на Македонија.

Преку музиката, во само една вечер, Велес патуваше низ времето и спомените и ја откриваше иднината. Интересот на велешани за музичките легенди беше само потврда на заложбите манифестацијата да прерасне во традиционален културен настан.