Соработка со регионот Долна Нормандија

На покана на Дирекцијата за децентрализирана соработка при регионот Долна Нормандија, а во организација на ЗГ „Локомотива“-Скопје, Градоначалникот Горан Петров во периодот 12-16 септември годинава престојува во работна посета на регионот Долна Нормандија, Република Франција. Како член на македонската делегација предводена од Министерот за локална самоуправа Муса Џафери, Градоначалникот Петров учествува на конференцијата „Културни политики, проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици“. Во рамките на престојот во Долна Нормандија, Градоначалникот Петров и Градоначалникот на Шербур Октевиљ, Бернар Казанев ќе потпишат меморандум за соработка помеѓу двете општини.

Потпишувањето на меморандумот за соработка ќе го означи почетокот на интензивна билатерална соработка во областа на културата, локалниот економски развој, информатичката технологија и други сфери од животот во локалните заедници. Во рамките на соработката со регионот Долна Нормандија, повеќе македонски општини ќе воспостават соработка со општини  од овој регион на Република Франција.