Традиционален прием по повод Рамазан Бајрам

По повод големиот празник Рамазан Бајрам, Градоначалникот Горан Петров организираше традиционален прием за претставниците на Исламската верска заедница, членови на Советот на општина Велес и претставници на здруженија на граѓани. На приемот на кој присуствуваа  Муфтијата Ефенди Адем Чоревски и Имамот Несим Демири, Градоначалникот Петров им го честиташе Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламската вероисповед и им посака здравје и среќа во животот. Градоначалникот изрази задоволство од соживотот на граѓаните од сите заедници во Велес.

„Она што го краси Велес е духот на толеранцијата и разбирањето помеѓу граѓаните од сите конфесии. Убеден сум дека и во иднина ќе биде така“, рече Петров. „Ако може човек сам себе си да се победи, се друго ќе биде добро“ гласеше пораката на  Муфтијата Ефенди Адем Чоревски кој нагласи дека Рамазан Бајрам е празник кој ги негува етичките вредности кај човекот.