Вкусот на турските традиции

На 11-ти септември годинава, во организација на ЗГ „Јени Хајат“ и Општина Велес во Младинскиот парк беа промовирани традиционалните специјалитети на турската заедница. На настанот организиран по повод празникот Рамазан Бајрам, велешани имаа можност на едно место да ги вкусат традиционалните специјалитети на турската заедница и да проследат танци ора и оригинална музика. Настанот предизвика голем интерес кај велешани кои не можеа да одолеат на вкусот на традиционалната храна на турскиот народ.

Според најавите, во иднина манифестацијата ќе прерасне во традиционална средба на граѓаните од турската заедница со граѓаните од сите заедници на подрачјето на општината.