8 - ми Март, Меѓународниот ден за правата на жената
По повод 8 - ми Март, Меѓународниот ден за правата на жената,
Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на
Општина Велес, на ден 02.03.2006 година (четврток) со почеток во 18:00
часот во салата на Општина Велес, одржа ТРИБИНА на тема:
„РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ“
На истата говореа:
„Законската регулатива за еднаквите можности“
- г-ица Елена Грозданова, раководител на Одделението за унапредување на рамноправност на половите при Министерството за труд и социјална политика
„Женските права како универзални човекови права“
- г-ѓа Савка Тодоровска, претседателка на Сојузот на организациите на жените на Република Македонија
„Застапеноста и улогата на жените во политиката“
- г-ѓица Даниела Димитриевска, извршен директор на Македонското Женско Лоби во Република Македонија
На поканата се одзваа преставници од јавните институции, граѓанскиот
сектор, политичките партии, а настанот беше и медиумски покриен од
локалните средства за јавно информирање.Пред почетокот на трибината на
присутните им беше поделен лифлет со симболична содржина за јакнење на
самодовербата во остварувањето на женските права како човекови права.
МУЛТИКУЛТУРНА УЛИЦА
Како прокламираната рамноправност на жените да стане реална, конкретна и видлива во поединечен случај?
Човековата среќа е пат!
ЈАС, Мои луѓе, Мој град, Моја земја, Мој свет...
Колку сме ЕДНО или ОНА другото еден на ДРУГ?
Како прокламираната рамноправност на жените да стане реална, конкретна и видлива во поединечен случај?
Човековата среќа е пат!
ЈАС, Мои луѓе, Мој град, Моја земја, Мој свет...
Колку сме ЕДНО или ОНА другото еден на ДРУГ?
ЖЕНСКИТЕ ПРАВА – ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Изразот “дискриминација на жените” ја означува
секоја разлика, исклучување или ограничување во поглед на полот, што
има за последица или цел да го загрози или оневозможи признавањето,
остварувањето или вршењето од страна на жените на човековите права и
основните слободи на политичко, економско, општествено, културно и
граѓанско или друго поле, без оглед на нивната брачна состојба, врз
основа на рамноправност на мажите и жените.
КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ (CEDAW)
Никој не се издигнува така високо, како оној кој знае каде оди! (Стендал)