Во Горно Оризари одбележан Меѓународниот ден на бошњаците

На 28.09.2010 год. во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Г.Оризари се  oбележа 28 Септември – Меѓународен ден на бошњаците. По тој повод  во училиштето  се организираа следните активности:

 

- Литературен и ликовен конкурс на тема „Традиција на Бошњаците“
- Рецитал
- Фолклорна група  со  две бошњачки народни ора
- Турнир во мал фудбал
- Еко-парада и
- Еко - работилница

Најдобрите песни, цртежи и екипи во мал фудбал беа наградени – Тема на  ликовната Еко - работилница  беше „Цртежот ги надминува верските и јазичните бариери“. Учесници на работилницата беа ученици од повеќе ООУ од Велес и соседните општини од повеќе етнички заедници (македонци, бошњаци, албанци, турци, роми, срби, власи). Како мотив на учениците за творење им послужи ЕКО парадата спроведена од најмладите ученици на ООУ „Рајко Жинзифов“. Со заеднички мотив за творење  „Детскиот цвет во загаден свет“  доста со СО2. Учесниците на оваа работилница без оглед на верска и национална припадност, сите зедно  испратија порака до возрасните дека визија за иднината им е живот во чиста животна средина, а нивната мисија ке биде од најмали нозе да ја развиваат еколошката свест кај себе и кај возрасните.

Овие активност на училиштето „Рајко Жинзифов“ од Г.Оризари се дел од активностите на проектот  Еко училиште кој се реализира во соработка со Граѓанската асоцијација ОХО.