Средба со новинарите

На 30-ти септември годинава, Градоначалникот Горан Петров оствари редовна средба со претставниците на средствата за јавно информирање. На брифингот, Градоначалникот Петров ги информираше новинарите за интензивната меѓународна соработка на општината, вклучувањето  на Општина Велес во Програмата за децентрализирана соработка со регионот Долна Нормандија во Франција  и почетокот на реализацијата на на апликациите за партнерски проекти со збратимените градови од земјите членки на Европската Унија. Покрај меѓународната соработка, Петров ги презентираше тековните активности во рамките на кампањата за продажба на градежно земјиште во индустриските зони „УЗУС“, „Речани2“ и крајбрежниот појас на езерото Младост. На редовната средба новинарите имаа можност да ги слушнат ставовите на Градоначалникот околу голем број прашања од животот во општината.