Рациновата поезија во Љубљана
Македонското културно друштво од Љубљана, Република Словенија во рамките на својата културна дејност организира вечер посветена на Кочо Рацин. Рациновата вечер ќе се одржи на 13-ти октомври годинава, со почеток во 18 часот во Музејот во Љубљана. Во рамките на вечерта посветена на Рацин ќе говорат писателите Иво Фрбежар – Словенија и Васил Тоциновски - Македонија и ќе се читаат стихови од збирката „Бели Мугри“.
Присутните на настанот ќе имаат можност да го видат и филмот „Елегија за тебе“ проект на Васил Зафирчев и Данчо Стефков посветен на Рацин. Иницијатор на Рациновата вечер е велешанката Јелица Порента која живее и работи во Љубљана и со своите активности ја потврдува моќта на граѓаните да бидат вистински амбасадори на својот град и својата татковина.