Децата го отсликаа својот град

По повод Детската недела, во организација на градинката „Димче Мирчев“ , на 5-ти октомври годинава најмладите велешани му ја посветија својата креативност на Велес. На настанот кој го привлече интересот на граѓаните, најмладите велешани со пастелни  бои ја го отсликаа своето доживување на Велес. Најголемо внимание покрај малите уметници предизвика нивното сликарско платно- лента од хартија во должина од 100 метри. Судејќи според интересот на велешани и боите на радост што ги користеа децата, овој настан донесе пријатни моменти за сите што имаа можност да ги видат најмладите сликари.