Билатерална соработка за економски развој

На 5-ти октомври годинава Општина Велес заедно со претставници на бизнис секторот беше домаќин на делегација на Вировитичко-Подравската  Жупанија од Република Хрватска. Во организацијата на настанот активно учествуваше Амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска Данчо Марковски, а со своето лично присуство го поддржа Амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија Иван Кујунчиќ. На средбата членовите на хрватската делегација предводени од Јосип Џаќич, пратеник, Томислав Толушиќ и Жупан на Вировитичко - Подравската  Жупанија имаа можност од Градоначалникот Горан Петров да ги слушнат сите информации околу потенцијалите, компаративните предности и развојните стратегии на Општина Велес.

Претставниците на компаниите од Хрватска на средбата разменија информации со претставници од велешките фирми и најавија разгледување на сите можности на соработка на планот на економскиот развој. Настанот ги потврди заложбите на Општина Велес за интензивирање на меѓународната соработка во сферата на локалниот економски развој.