Редовна средба со новинарите

Градоначалникот Горан Петров и претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев, на 4-ти ноември годинава остварија редовна средба со претставниците на средствата за јавно информирање. На средбата покрај актуелните настани и најавите за претстојните активности на општината во рамките на одбележувањето на 9-ти ноември, Денот на Општина Велес, беа разменети мислења за повеќе тековни прашања од интерес за граѓаните. На средбата беа покренати иницијативи за продлабочување на соработката помеѓу општината и новинарите преку реализација на заеднички интерактивни содржини и настани.