Објавени добитниците на Деветоноемвриските награди и признанија
Советот на Општина Велес на својата 31 седница, одржана на 4-ти ноември годинава усвои одлуки за доделување на Деветоноемвриските награди и признанија. На прес конференција, одлуките ги соопшти Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес.
Спомен плакета „9-ти Ноември“ се доделува на:
• Анѓел Митревски - претседател на заедницата на Македонците во Република Хрватска
• ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ Велес
Благодарница „9-ти Ноември“ се доделува на:
• Миле Манчевски - карикатурист
• Наце Алексовски - волонтер одржувач на Железен мост
• Виктор Гигов - ракометар
• Веб портал „Лисица“
Пофалница „9-ти Ноември“ се доделува на:
• Онче Саздов - лимар
• Сашко Трајковски - играорец
• Трајче Ристов - музичар на народни инструменти
• Сашко Ивковиќ - одбојкар
• ФК „Бирлик“
Наградата за за животно дело „Гемиџии“ за 2010 година, за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа оди во рацете на писателката Павлина Климкар Меанџиева.
Наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2010 година и се доделува на Мирјана Манева, студент на економскиот факултет.
Деветоноемвриските награди и признанија ќе бидат доделени на свечената седница на Советот на Општина Велес што ќе се одржи на 9-ти ноември годинава, со почеток во 13 часот, во салата „Бели мугри“.