Концерт во чест на Денот на Општината

Одбележувањето на 9-ти Ноември, Денот на општина Велес започна со концерт на групата „Ајдаред“ од Скопје. Како гости  на концертот кој се одржа на 6-ти ноември годинава во салата „Бели мугри“ настапија фолклорните ансамбли „Керамичар“ од Велес и Македонското културно друштво „Македонка“ од Сплит, Република Хрватска.  Љубителите на македонскиот фолклор имаа можност да уживаат во изворните македонски песни со современ пристап во интерпретацијата на групата „Ајдаред“, како и динамичниот настап на фолклористите од Велес и Сплит. Настанот ја нагласи успешната билатерална соработка на Општина Велес со градовите од  Република Хрватска на планот на културната размена.