Врачени Деветноемвриските награди и признанија

На Свечената седница на Советот на Општина Велес, што по повод Денот на општината се одржа на 9-ти ноември годинава во салата „Бели Мугри“, Градоначалникот Горан Петров ја нагласи визијата за развој на Велес како економски развиена и туристички атрактивна општина:  „Планираниот развој на општината, истакнувањето на слабостите, дефинирањето на проблемите и соочувањето со нив, барањето иновативни форми за нивно разрешување е нашиот начин на работа. Секогаш во фокусот е поединецот. Грижата за граѓаните без оглед дали се тука пред нас со проблемите од социјалната сфера, инфраструктурата, економијата или културата“ рече меѓу другото Градоначалникот. 

 

 

 

На седницата свечено беа доделени деветоноемвриските награди и признанија на годинешните добитници: 

Спомен плакета  „9-ти Ноември“

• Анѓел Митревски - претседател на заедницата на Македонците во Република Хрватска
• ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ Велес

Благодарница „9-ти Ноември“

• Миле Манчевски - карикатурист
• Наце Алексовски - волонтер одржувач на Железен мост
• Виктор Гигов - ракометар
• Веб портал „Лисица“

Пофалница „9-ти Ноември“

• Онче Саздов - лимар
• Сашко Трајковски - играорец
• Трајче Ристов -  музичар на народни инструменти
• Сашко Ивковиќ - одбојкар
• ФК „Бирлик“

Во присуство на Амбасадорите на Република Полска,  Дариуш Карол Бахура и Република Бугарија, Раковски Лашев, градоначалниците на збратимените градови Свиштов и Ужице, пратеници, претставници на Македонската православна црква, Исламската верска заедница , Армијата на Република Македонија, претставници на институции, домашни и меѓународни организации и медиумите,   Наградите ги доделија  претседателот на Советот на Општина Велес.  Славчо Чадиев и членовите на советот  Зоран Ѓоргиев и Томе Јаневски.

 

 

 

 

 

 

 

Наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ на  Мирјана Манева, студент на економскиот факултет и ја врачи градоначалникот Горан Петров.

Градоначалникот Петров ја врачи и наградата за животно дело „Гемиџии“ година, на писателката Павлина Климкар Меанџиева која се заблагодари во името на сите учесници.  „ Оваа награда ми е особено драга затоа што е од мојот град“, рече Меанџиева.

 


Свечената седница беше збогатена со настапот на Зоран Џорлев, Бојан и Благоја  Моротови.