Велешани ќе чекорат безбедно преку Вардар
На 9-ти ноември годинава, по повод најголемиот празник на Велес, Денот на општината, во употреба беше пуштена пешачката патека крај железен мост која овозможува граѓаните од урбаните заедници Речани, “Родна Ивева“ и „Богдан Каракостев“ како и приградската населба Дурутовец за поминати само 300 метри да стигнат до центарот на градот. Патеката во употреба ја предаде градоначалникот Горан Петров кој изрази задоволство што на овој начин се овозможува инфраструктурна комуникација помеѓу жителите на двата брега на Варадар. „ Железниот мост е едно од обележјата на градот што за велешани не е само инфраструктурен објект и симбол, туку објект кој сто години претставува железничка врска со источна Македонија, но и врска со центарот на Велес “, рече Градоначалникот. Пешачката патека во целост е инвестиција на Општина Велес и изнесува околу 6.000.000 денари. Вкупната должината на патеката е 340 метри, а на бетонската патека околу 200 метри.