ССОУ „Димитрија Чуповски“ се модернизира

Во чест на Денот на Општина Велес, на 8-ми ноември годинава, во ССОУ „Димитрија Чуповски“ свечено беше отворен кабинет за козметика. Овој образовен профил за првпат се воведува од учебната 2010/2011 година. Салонот е опремен со соодветна козметичка апаратура и  материјали за практична настава. Истовремено, во училиштето е направена преадаптација на наставничката канцеларија  која е центар на образовните активности.  Обете простории во употреба ги предаде Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров. Во оваа почетна година на насоката козметика се запишани вкупно 34 ученика. Се очекува ова да прерасне во еден од атрактивните профили во наредните учебни години.