Донесени програмите за активностите на општината во 2011
На својата 32–ра седница Советот на Општина Велес ги донесе програмите за активностите на општината во 2011 година. Најголем дел од буџетските средства за наредната година се во рамките на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина и програмата за образование. Сите програми се донесени по одржаните јавни расправи по нацрт документите. Приоритети и за наредната година остануваат подобрување на инфраструктурата со еднаква застапеност на сите делови од градот, интензивирање на локалниот економски развој, подобрување на условите за настава, социјалните услуги, поддршката на младите и спортот, реализацијата на меѓународни проекти во рамките на програмите на ЕУ, културата, развојот и промоцијата на туризмот, информатичката технологија.
Според програмите во 2011 ќе бидат донесени повеќе стратешки документи меѓу кои и Стратегијата за млади. На наредната седница што претседателот на Советот Славчо Чадиев, на прес конференција ја најави за 29 ноември, Советот ќе расправа по Нацрт - буџетот за 2011.