Велес ќе се збратими со Адалар

По збратимувањето со Општина Чан од Република Турција, Општина Велес започна постапка за збратимување со уште една општина од оваа земја пријател на Република Македонија. Станува збор за Општина Адалар, едно од туристички најатрактивните места Во Република Турција  кое опфаќа острови со вкупна површина од 20 км во Мармара југоисточно од центарот на Истанбул. На 32-та седница, Советот на Општина Велес донесе Одлука за збратимување на Општина Велес со Општина Адалар.  Во минатото познати како Принцови острови денес ги нарекуваат Адалар што во превод значи „острови“. Во текот на византискиот период принцот често престојувал таму. Историски познати се по престојот на историски личности од Турција и Светот, меѓу кои и Троцки кој за време на азилот престојувал во Адалар. Според официјалните податоци има 10.000 жители. Островите се познати по развојот на туризмот, етнологијата и карактеристичната архитектура.