Масовен одзив на Денот на дрвото

И покрај дождливото време на 19-ти ноември годинава, велешани масовно се одзваа на седмата по ред акција „Ден на дрвото“. Во организација на Општина Велес и Шумското стопанство „Бабуна“, на локацијата  во близина на Венуле (автопат Велес-Градско), околу 600 учесници засадија над 40.000 садници на јасен и јавор. Во акцијата учествуваа вработените во локалнта самоуправа, државните институции, јавните претпријатија, училиштата, невладините организации  како и војниците на АРМ.

Акцијата се одвиваше со планираната динамика и според стручните лица се очекува висок процент на зафатеност на младите садници поради поволните временски услови во овој период од годината. Градоначалникот Горан Петров кој активно учествуваше во акцијата заедно со претседателот и седум членови на Советот на општината изрази задоволство од одзивот на велешани во рамките на акцијата: „Нашите активности не претстануваат тука. Штом ќе ја завршиме акцијата на оваа локација, ќе продолжиме со засадувањето на млади садници и во градскиот парк“ Претседателот на ЕД „Вила Зора“, д-р Ненад Коциќ за медиумите изјави дека и во иднина, со ваков масовен  велешани ќе ја покажуваатт својата желба за чиста и здрава животна средина. Во оваа есенска акција и Шумското стопанство „Бабуна“ не завршува со активностите за ревитализација на зелените површини, туку и во тековната недела ќе продолжи со пошумување со преостанатите садници на локациите „Новачани“ и „Гроот“.