Химна, заштитен знак и маскота на Велес

Советот на Општина Велес на седницата одржана на 14.03.2006 година донесе Нацрт-одлуки за востановување на свечена песна – химна на Општина Велес како и за утврдување на заштитен знак и маскота на Општина Велес.
  • За химна на Општина Велес се востановува народната песна „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“.
  • За заштитен знак на Општина Велес се утврдува афионска чушка (афионска шапка).
  • За маскота на Општина Велес се утврдува стилизиран цртеж на видра.
Мислењето на граѓаните по споменатите Нацрт одлуки е од голем интерес за Општина Велес.

Токму затоа, а во согласност со Одлуките на Советот на Општина Велес, предлозите за химната, заштитниот знак и маскота на Општина Велес ќе се разгледуваат на јавна расправа со цел да се овозможи непосредно вклучување на граѓаните, месната самоуправа, здруженија на граѓани и други заинтересирани субјекти.

Општина Велес ги поканува сите граѓани да се вклучат во дискусиите на форумите на Web-страната на Општина Велес и на форумот на локалниот кабловски оператор „СПРИНТ“ и активно да учествуваат во реализацијата на иницијативата за востановување на химна, заштитен знак и маскота на Општина Велес.

Во прилог Ви приложуваме една од многуте изведби на песната „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“ и неколку слики од афионски чушки и видри.

Афионова чушка

ImageImage
ImageImage
Видра
ImageImage
ImageImage

Однапред Ви благодариме за учеството