Резултати од сообраќајно- воспитен натпревар „Децата во сообраќајот“

Во организација на Испитниот центар при Здружението на возачите од Велес  денеска се одржа  општински  сообраќајно- воспитен натпревар насловен како „Децата во сообраќајот“.  Учествуваа ученици од петто до осмо одделение од основните училишта во градот. Учесниците на натпреварот имаа можност да ги покажат своите теоретски знаења и да се натпреваруваат во спретно возење на велосипед.


 Најдобри резултати на овој натпревар, прв од ваков вид досега, покажаа следните ученици: Ристе Мичовски и Тоше Стојков ,од ООУ „Васил Главинов“, а третото место му припадна на Ѓоре Караколев од ООУ „ЈХК Џинот“. Во екипна конкуренција најдобри резултати покажаа учениците од ООУ „Васил Главинов“, а на второто и третото место се пласираа учениците од ООУ„ЈХК Џинот“ и „Св. Кирил и Методиј“.  Наградите што ги обезбеди организаторот,  на првопласираните им ги додели Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес.  Натпреварот се одржа во соработка со Одделението за превенција во сообраќајот при Секторот за внатрешни работи – Велес.