Посета на улицата „Стојан Бурчевски – Буридан“
На улицата „Стојан Бурчевски-Буридан“ е извршено бетонирање во должина од 200 метри со просечна широчина од 3 метри. Целата предвидена траса од 400 метри е пробиена, тампонирана, подготвена е арматурната мрежа за вградување. Градоначалникот Горан Петров и Министерот без ресор Неждет Мустафа се првите кои зачекорија по бетонираната улица „Стојан Бурчевски – Буридан“ , населена доминантно со ромско население. Министерот задоволен од имплементацијата на проектот декада и стратегија за ромите, но и од третманот што го има оваа категорија на граѓани во Општина Велес. „Реконструкција на улиците е дел од активностите на Општина Велес со кои имаме цел да го подобриме животот на граѓаните, вклучувајки ги и оние од ромска националност", рече градоначалникот Горан Петров.