Унапредување на воспитно образовниот процес за децата со посебни потреби на локално ниво

Во периодот од 15.08. 2010г. до 15.01. 2011г. во Општина Велес се спроврдува проектот ,,Унапредување на воспитно образовниот процес за децата со посебни потреби на локално ниво”, спроведуван од Сојузот на дефектолози на Р.Македонија, а овозможен во рамките на програмата ЦИВИЦА Мобилитас, имплементирана  од Центарот за институционален развој – ЦИРа, а финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ. Главна задача на проектот е пружање стручна помош на локалната самоуправа, воспитно-образовниот кадар, како и на родителите на  децата со ПОП кои посетуваат редовни предучилишни и основни училишни установи за подобрување на квалитетот на воспитни-образовниот процес.

 

Во рамките  на истиот  на 23.12.2010г. во малата општинска сала се одржа финалната трибина.На трибината учествуваа претставници од  Општината,  претседателот на Совет на Општина Велес г-дин Славчо Чадиев и г-дин Божидар Јовиќ– претставник од одделот за образование, претставници од основните училишта,  детските градинки и родителите на децата со ПОП. Претставникот од одделот за образование ги  истакна искуствата, согледувањата и перспективите на Општината согласно реализираните проектни активности во корист на целната група - деца со ПОП.

Одговорниот дефектолог на ниво на општина Велес, Анита Чекановска Димитриевска,  го  презенитираше предлог планот за промоција на утврдените потреби и ограничувања при реализација на процесот на унапредување на воспитно-образовниот процес кај детската популација на деца со ПОП на локално ниво, а во врска со текот и постигнувањата во процесот на имплементација на проектот и бенефитите на директтните корисници, говореа Александра Калмеџивска-  теренскиот координатор и м-р Александра Каровска – програмски координатор на проектот. Модератор на Трибината беше раководителот на Проектот – претседателот на Сојузот на дефектолози на Р.Македонија, Горан Петрушев.

Сите учесници на трибината го изразија своето задоволство од спроведувањето на овој проект и истакнаа дека преку него добиле нови сознанија кои ќе ги применуваат во работата со децата со посебни образовни потреби. Исто така беше поздравена одлуката за вработување на дефектолог во редовното образование во Општина Велес.