Новогодишни подароци
Во придружба на Дедо Мраз Грдаопначалникот на Велес, г-дин Горан Петров денес ги посети ПОУ „Маца Овчарова“ и Дневниот центар за деца со посебни потреби. Слатки подароци добија и децата без родители и децата згрижени во дом семејства, како и Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа. Во преостанатите неколку дена од оваа година подароци ќе добијат и дечињата што новогодишните празници ќе ги поминат во Општата болница во Велес.