Претседателот задоволен од работата на Советот
Советот на Општина Велес во 2010 година одржа 20 седници и усвои вкупно 292 акти. Досега се одржани и две свечени седници на советот, а третата свечена седница е најавена за в среда (29.12.2010) по повод Новогодишните и Божиќните празници. Податоците за работата на советот на прес конференција ги презентираше Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес. На средбата со новинарите одржана на 27 декември годинава, Чадиев ги презентираше одлуките донесени на 34-та седница на советот. Тој изрази задоволство од работата на советот во 2010 година и најави значајни проекти во претстојната 2011.