Наградени најуспешните во 2010

На 29 декември годинава, во салата „Бели Мугри“ се одржа традиционалната Новогодишна свеченост на Општина Велес. Најуспешните поединци за 2010 година и овојпат беа во фокусот на вниманието.Присутните гости во салата од името на Општина Велес ги поздрави Градоначалникот Горан Петров кој упати благодарност на сите поединци, организации, институции, заедници и медиуми кои се вградија во успешните проекти и активности на општината во годината што изминува.  „Сметам дека сите Вие, секој во својата област го создадовте мозаикот на успехот на Велес што и даде посебен печат на годината во заминување. Затоа оваа прилика ќе ја искористам да Ви се заблагодарам“, рече меѓу другото Петров кој им ги врачи признанијата на најуспешните поединци за 2010 година.

 

 

- Роберт Павлов – најдобар полицаец
- Владо Таневски, најдобар пожарникар
- Миле Ацков – најголем хуманист
- Али Демиров Халид – најдобар комуналец
- Орце Стојановски – најдобар занаетчија

 

 

 

И годинава Општината ги награди најкреативните граѓани и  правни лица кои  покажаа доволно умешност и фантазија во новогодишните декорации:
Наградата за најубаво уреден-осветлен објект-двор му беше доделена на Ѓорги Цветков. Наградата за најубаво осветлена тераса ја доби Снежана Атанасова, а наградата за најдобро уреден излог ја поделија  –Слободан Атанасов, Орце Митевски, Љубомир Илиевски, ЗД „Ноне-етно арт сувенир“ и ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“.

На свеченоста, Славчо Чадиев претседател на Советот на Општина Велес им врачи  подарок на сите образовни установи на подрачјето на Велес. Годинава од Општината добија скенер. Новогодишната свеченост беше повод да се промовираат и новите стипендисти на фондацијата „Коле Неделковски“:

- Владимир Илиевски – ученик во 4-та година во Гимназијата „Кочо Рацин“
- Васил Божикалиев - ученик во 4-та година во Гимназијата „Кочо Рацин“
- Елизабета Артанаскова - ученичка во 3-та година во ССОУ „Димитрија Чуповски“
- Бранкица Станковска, студент од 4-та година на Економскиот факултет
- Викторија Богданова – студент од 2-ра година на Архитектонскиот факултет
- Кристијан Ефремов – студент од 2-ра година на Факултетот за информациско-комуникациски вештини и
- Надица Тошева – студент од 3-та година на Економскиот факултет

Посебно доживување на Новогодишната свеченост во „Бели Мугри“ беше настапот на гудачкиот квартет „Еквилибриум“. Со изведбата на популарните звуци од Штраус и други великани на класичната музика, „Еквилибриум“ направија вистинска увертира во празничното расположение за Новогодишните и Божиќните празници.