Предпразнична средба со новинарите

По повод Новогодишните и Божиќните празници Градоначалникот Горан Петров и претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев, на 30-ти декември годинава, се сретнаа со новинарите од локалните медиуми и велешките дописници на националните електронски и печатени медиуми. Преку новинарите, Градоначалникот Горан Петров на сите граѓани им ги честиташе Новогодишните и Божиќните празници и им посака добро здравје, успех и лична среќа во новата 2011 година. На средбата со новинарите беше изразено задоволство од досегашната взаемна соработка и беа разгледани можностите за интензивирање на брифинзите во 2011 година.


Новинарите со Градоначалникот и претседателот на Советот разговараа и за мерките што општината ги презема за подобрување на состојбите со инфраструктурата , особено во руралните подрачја каде новинарите се постојано присутни на терен. Претставниците на средствата за јавно информирање и на оваа средба разговараа за идните заеднички активности во рамките на соработката со општината меѓу кои предничи потрагата по посмртните останки на Панко Брашнар кој почина на Голи Оток во јули 1951 година. Средбата со новинарите беше повод и за нови иницијативи за 2011 година, во интерес на граѓаните.