Честитка за првороденчето во 2011

Градоначалникот Горан Петров, традиционално го посети првороденчето во 2011 година и лично и честиташе на мајката која го доби најубавиот новогодишен подарок. И годинава Велес се усреќи со прво па машко што според традициите е знак на стабилна година исполнета со благосостојба. Првото бебе, тешко 2700 гр. стигна на свет на 2-ри јануари, по 36 часа во Новата 2011 година. Градоначалникот Петров на првото новороденче му посака добро здравје и безгрижно детство исполнето со радости. На среќната мајка и врачи пригодни подароци.