Општина Велес на ВИРОЕКСПО 2011
Градоначалникот Горан Петров ја предводи делегацијата на Општина Велес која од 21 до 23 јануари годинава ќе учествува на 16-то издание на Меѓународниот саем за стопанство, претприемништво и земјоделство во Вировитица, Република Хрватска. Во рамките на саемот се одржуваат и регионални средби на претставници на бизнис секторот како и билатерални средби на стопанствениците. Учеството на Општина Велес на Вироекспо 2011 беше договорена на билатералната средба со делегација на Вировитичко - Подаравската Жупанија што во почетокот на октомври минатата година се одржа во Велес. Во рамките на средбата беа воспоставени билатерални контакти помеѓу стопанствениците од Велес и Вировитичко – Подравската Жупанија.
На саемот покрај претставници на општината присуствуваат и претставници на Вардарскиот плански регион и Регионалната стопанска комора кои имаат можност да ги презентираат економските и туристичките потенцијали и да разменат мислења и искуства со колегите и стопанствениците од 19 земји меѓу кои Италија, Кина, Индија, Турција, Полска, Русија, Словачка, Украина, Словенија. Според најавите, на саемот ќе биде потпишан договор за соработка помеѓу Жупаниската комора - Вировитица и Регионалната стопанска комора со седиште во Велес. Генерален покровител на саемот е Владата на Република Хрватска.