„Привремените вработувања нов флексибилен начин на ангажирање на работници“

Почитувани,

Општина  Велес на почетокот на месец Декември ја прифати иницијативата на Агенција за привремени вработувања Партнер за заедничка реализација на Проектот „Намалување на невработеноста преку искоренување на работење на црно“.

За таа цел во нашата општина беше поставен информативен пункт на Агенција за привремени вработувања Партнер за поблиско запознавање на работодавачите и на невработените со агенциското привремено вработување.

Како втор чекор во овој Проект, нашата Општина и Агенцијата за привремени вработувања Партнер организират трибина на тема

„ПРИВРЕМЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА НОВ ФЛЕКСИБИЛЕН НАЧИН НА АНГАЖИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИ“

Трибината ќе се одржи во салата за состаноци на Општината  Велес  на ден 16.02.2011 година ( среда )  со почеток во 11 часот.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следниве лица :

  • Општина Велес , одговорно лице  м-р Сашко Ристовски , тел 070/ 302 217,   e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
  • Агенција за привремени вработувања Партнер , одговорно лице  Љубица Теовска Крстевска  , тел  072/ 214 95, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Искрено Ве поздравуваме со надеж дека ќе земете активно учество на оваа трибина за да ни помогнете  заеднички да ги решиме проблемите и недоумиците околу начинот на ангажирање на привремени работници.

Директор на Агенција за привремени вработувања Партнер, Раде Ненадиќ с.р.
Градоначалник на Општина, Велес, Горан Петров с.р.