Сузбивање на работата „на црно“

Агенцијата за привремени вработувања ги презентираше своите услуги

На 16-ти февруари годинава, во просториите на Општина Велес се одржа презентација на услугите што ги обезбедува Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“ од Скопје. „Ова е трета презентација на услугите што ги овозможува агенцијата. Во 2010 година агенцијата склучи договори за привремено вработување на 13.000 лица или околу 1200 на годишно ниво“, изјави за медиумите Раде Ненадиќ, директор на Агенцијата за привремени вработувања. Ненадиќ изрази задоволство што Агенцијата во Македонија  успешно функционира од 2006, три години пред донесувањето на Директивата на ЕУ за испраќање на работници.

Според Ненадиќ најголема придобивка од работата на агенцијата е креирањето на нови работни места, затоа што неретко привремените вработувања преминуваат во вработувања на неопределено време. На презентацијата во просториите на Општина Велес, претставниците на околу 30 стопански субјекти имаа можност детално да се запознаат со работата и услугите на агенцијата.