Велес и Сомбор се збратимија

Двата града на голема свеченост најавија соработка на културно и економско поле

Велес и Сомбор се побратимија на 262 роденден на градот Сомбор. Пред преполната сала на Народниот театар, градоначалниците на двата града, Горан Петров на Велес и Немања Делиќ на Сомбор, го потпишаа Протоколот за соработка.

 

Како локална власт во последните години водиме политика на зближување и обновување на старите  и создавање на нови пријателства. Пред се тоа се градовите од некогашната држава во која сите заедно живеевме, што ни помага на патот кон заедничка Европа. Така полесно се доаѓа до Европските фондови, бидејќи за тоа се потребни партнери. Исто така и стопанствениците полесно настапуваат на трети пазари заеднички  - изјави Немања Делиќ, градоначалник на Сомбор, град кој има околу 50 илјади жители. Овој чин беше проследен со 5 минутен филм, кој домаќините го снимиле за Велес. Градоначалникот на Велес им го честита роденденот на сомоборци, посакувајќи им уште многу години просперитет во работата и животот.

 

Потпишавме во името на нашите граѓани акт на пријателство, кој има голема тежина. Тоа е зближување на два града, два народи кои имаат вековно пријателство, многу сличности, култура и традиција. Тоа не краси со векови наназад но и отвара нови хоризонти за иднина. Нашата идна соработка треба да биде во духот на великаните Лаза Костиќ и Кочо Солев, поети кои дадоа белег на градот и народите - изјави Горан Петров, градоначалник на Велес.  И двајцата први луѓе на Сомбор и Велес најавуаат за почеток соработка на економско и културно поле, но и можнот за заеднички проекти на граѓанскиот и невладиниот сектор. Свеченото потпишување на протоколот за збратимување беше во рамките на прославата на 262 роденден на Сомбор, кога  на 17 февруари 1749 година жителите на градот од Марија Терезија го откупиле Сомбор, со што тој се подигнал во ранг на слободен и кралски град.  На оваа свеченост присуствуваа и збратименте градови на Сомбор Цеље од Словенија, Баја и Кишпешт – дел до Будимпешта, Унгарија.