Денови на словенечката култура во Велес

Мостовите на поврзување се најстабилни кога се изградени од детските срца. Една таква врска воспоставија учениците од ООУ „Блаже Конески“ од Велес и ОШ „Нове Фужине“ од Љубљана, Република Словенија. Ве периодот од 14 – 18 февруари во велешкото училиште се презентираше словенечката, а во словенечкото македонската култура за на 18 февруари да се направи презентација на наученото.

Во поливалентниот простор на ООУ „Блаже Конески“ се одржа мини саем на чии штандови беа прикажани историјата, културата, знаменитостите на Словенија, но и вкусните словенечки специјалитети подготвени од Словенки што живеа во Велес и од родителите и учениците од „Блаже Конески“. Перформансот од музика, танци и литература од словенечки автори преку видео конференција го следеа учениците од ОШ „Нове Фужине“ во Љубљана.

Специјален гостин на Деновите на словенечката култура во ООУ „Блаже Конески“ беше амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Ален Бергант.