Успешна меѓународна соработка

„На празникот на градот, на 262-риот роденден на слободарски Сомбор, Општина Велес и Општина Сомбор потпишаа Протокол за соработка. Отворивме можности за соработка на ниво на град и на ниво на региони во повеќе области, а истовремено ги обновивме и контактите со Цеље, Република Словенија. Од разговорите произлезе иницијатива и за остварување на најмалку еднаш годишни средби за соработка помеѓу овие општини“- информираше Градоначалникот Горан Петров на денешната прес конференција.

Во оваа пригода пред преставниците на средствата за јавно информирање тој  ја истакна важноста од присуство на членови од НВО, бизнис секторот и медиумите во општинските делегации при воспоставување меѓународна соработка.

 „На 12 април  делегација на Општина Велес  ќе оствари  работна посета  во  Општина  Адалар, а во периодот што следи ќе ја посетиме и Општина Каршијака. Упатувам јавна покана за пројавување интерес на бизнис секторот од Општина Велес за учество во делегацијата што ќе патува во Република Турција. Ова е еден од начините што водат до воспоставување успешна и плодна соработка. Наша интенција е да работиме со нова динамика и да ги придвижуваме работите нанапред.“ – потенцираше Градоначалникот, Петров.

На прес конференцијата се обрати и Трајче Трајков, претседателот на Регионалната стопанска комора кој ги пренесе впечатоците од работната посета на Сомбор и досегашната успешна сорабока со локалната самоуправа.Тој изрази благодарност за сите заложби што општината ги прави за афирмација на стопанството и бизнис секторот од  Велес во меѓународни рамки.