Локален совет за превенција
На вчерашната седница на Локалниот совет за превенција беа кооптирани нови членови и се изврши избор на раководни органи и работни тела на советот. Седницата ја раководеше Градоначалникот Горан Петров, претседател на Локалниот совет за превенција. Со оглед на почестите инциденти помеѓу средношколците, акцентот на средбата беше ставен на безбедносната состојба во училиштата и беше презентиран предлог-проектот:„Безбедни училишта-хармонична средина“.
Со овој проект ќе бидат опфатени учениците од четирите општински средни училишта и Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“. Претставници на Секторот за внатрешни работи- Велес, изнесоа дел од активностите на советодавните граѓански групи, презентираа усвоени заклучоци, а претставникот на Мисијата на ОБСЕ, говореше за искуствата од имплементацијата и ефектите од реализацијата на вакви проекти во други општини.