Концерт за Игорче
ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во соработка со ОО на Црвен крст Велес организира хуманитарен концерт за да му помогне на ученикот Игорче Илчевски. Малиот Игор боледува од астма, а живее во сиромашно семејство и субстандардни услови. За концертот што ќе се одржи на 16 март во салата „Бели мугри“ во 19:00 часот влезниците чинат само 30 денари, а собраните средства ќе помогнат да се обезбеди терапијата за Игор барем за некое време. Општина Велес на сметката што ОО на Црвениот крст што ја отвори за помош на Игорче Илчевски уплати 3.000 денари. Хуманата акција за Игор не завршува со концертот.