Презентација на образовниот портал во општина Неготино

Општина Велес во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја организираше првата, од серијата работилници преку кои вработените во образовните институции  и администрацијата од општините во Вардарскиот плански регион ќе имаат можност подетално да се запознаат со функционалностите и  можностите на Регионалниот образовен портал. Првата презентација беше одржана на 17.03.2011 во општинската зграда во Неготино, од страна вработените во одделението за економски развој и информатичка технологија во Општина Велес. На презентацијата присуствуваа и претставници на Општина Демир Капија. Во наредниот период следат презентации во општините Свети Николе, Кавадарци и Велес.

 

 

Образовниот портал е веб базирано решение за соработка, комуникација и презентација на образовни содржини прилагодени на образовниот систем. Обезбедува алатки и сервиси кои им овозможуваат на образовните институции да ги стават учениците на прво место во процесот на учење и притоа учениците сами можат да бираат кога и што да учат обезбедувајќи интерактивен начин на учење. На родителите им обезбедува поголемо вклучување во образованието на нивните деца преку можноста за пристап до информации за целокупната нивна работа, тестови и задачи. Решението им овозможува на наставниците да бидат креатори на процесот на учење, одредувајќи кои содржини, задачи, вежби и тестови се потребни за учениците, да управуваат и да ги реализираат административните активности.

Ученици

„Како ученик, јас сакам да учам надвор од училницата и да пристапувам до персонализирани содржини за учење каде и да сум. Имам потреба од едно место каде што треба да пристапам и да си ги завршам моите задачи. Соработката со моите соученици и наставници за мене е многу важна.“ Од перспектива на ученик ова е можност да се користи технологијата за проширување на знаењето. Ваквите системи може да содржат:

  • Работа од дома и пристап до сите програми
  • Online поддршка и пристап до групите на наставници
  • Можност да се види кој е online кога е потребна помош дома
  • Брзо оценување на работите од страна на мојот наставник
  • Календар во кој има се што е потребно да направам
  • Поголемо користење на Интернет
  • Поинтересни и позабавни часови

Родители

„Како родител, јас сакам да учествувам во процесот на образование на моето дете преку следење на неговите оценки, поведение и постигнувања. Исто така потребно ми е место за комуникација со неговите наставници и другите родители.“ Од перспектива на родител ова решение дава можности за комуникација со наставниот кадар и вклучување во процесот на учење на нивните деца. Ваквите системи можат да содржат:

  • Информации во секое време за напредокот на децата во училиштето
  • Пристап до виртуелна зедница со ресурси за помош во домашните работи на децата
  • Пристап до компјутерските групи на родители и размена на идеи како да се справат со однесувањето на нивните деца
  • Можност да се добие пристап до целосниот тест на детето и коментарите на настваниците, а не само до оцената
  • Пристап до сите информации поврзани со детето
  • Лесен пристап до наставниците на нивните деца

Наставници

„Како наставник, јас сакам да се фокусирам на наставата и да се ослободам од теретот на оценување, тестирање и административна работа. Ми треба алатка која ќе ми помогне да го оценам напредокот на моите ученици и да ги надгледувам нивните задачи. Ми треба електронска архива каде ќе можам да ги сочувам работите на моите ученици, извештаите, наставните планови и материјалите за предавање. Можноста за лесен пристап до други наставни содржини и соработката со моите колеги за мене се истотака многу важни.“
Од перспектива на наставник или едукатор, овој систем укажува на бројни позитивни примери во смисла на овозможување на најдобри искуства при учењето. Ваквите системи можат да вклучат, но не се ограничени на:

  • Пристап до се што е потребно за учење од едно место, со едно логирање
  • Соработка и комуникација со колегите
  • Пристап до одобрени и стандардизирани лекции
  • Можност за автоматско оценување
  • Календар на сите работни активности
  • Место за размена на идеи

Придобивки од системот

Образовниот портал им овозможува на учениците и родителите да учествуваат директно во наставниот процес преку:

  • Пристап до мултимедијални и интерактивни наставни содржини низ веб пребарувач
  • Транспарентни информации за успехот на ученикот, наставната програма, планираните наставни содржини, достапни за родителите во секое време

Системот овозможува постојано подобрување и модернизација на наставниот процес преку:

Управување со наставните програми, online соработка помеѓу училиштата и пристап до содржините во секое време од било кое место

  • Идентификација и користење на светски усвоени наставни методи
  • Постојано подобрување на наставниот процес базирано на анализите на успехот на учениците
  • Едноставна и честа комуникација со учениците и родителите и анализа на нивните реакци


Образовниот портал го става ученикот во центарот на процесот на учење.