Безбедни училишта - хармонична средина

Под претседателство на Горан Петров, градоначалник на Општина Велес, Локалниот совет за превенција  го верифицираше проектот „Безбедни училишта- хармонична средина“.  Проектот ќе се спроведе во четирите средни општински училишта и ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“. Активностите започнуваат на 23 март со реализирањето на првата од четирите планирани работилници. Проектот планира активности во кои ќе бидат вклучени стручен и наставен кадар од училиштата, ученици, родители, претставници на бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и советодавните групи на граѓани. Проектот се реализира во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Македонија, канцеларија во Велес и СВР Велес.

 Целта на проектот е надминување на негативните појави во однесувањето на учениците, развивање на меѓусебното разбирање и толеранција, подигнување на свеста кај сите чинители за нивната одговорност и  влијание во севкупните појави во работната и животната средина, како и поттикнувањето на потребата од меѓусебната врсничка едукација и поголемото дружење меѓу младите.