Активности на ООУ „Рајко Жинзифов“ по повод денот на пролетта

Денес е убав ден.Светол. Значаен за човештвото и за нас луѓето.   Денес е почеток на пролетта – Ден на екологијата. Секојдневно сме сведоци на разни уништувања на мајката природа преку еколошките катастрофи со огромен размер. Големите нарушувања во природата ги прави и човекот.Треба да бидеме вистински чувари на здрава животна средина зашто ќе го развиеме системот на вредности, одговорност и обврска да бидеме чувари на својата иднина. И токму тоа е причината што нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“ ја започна својата Еко приказна. Аплицирајќи во програмата „Како да се стане Еко училиште“ стигнавме до највисокото зелено ниво – Зеленото знаме.

 

Во присуство на претставници од граѓанската асоцијација ОХО, што ни ја додели оваа награда, претставникот од МОН г-дин Љупчо Спасовски, гости од БРО, од Општина Велес, директори од повеќе општински училишта, родители – членови на Еко одборот и други гости, денес свечено го подигнавме зеленото знаме во дворот на ООУ„Рајко Жинзифов“ а потоа засадивме и повеќе борчиња. Следeше и пригодна програма посветена на овој свечен ден. Ја засадивме иднината и сонот за пошумена Македонија. Ја боиме нашата татковина во зелено. Растеме заедно кон нова и подобра иднина.