Двете велешанки Елена и Андреана заминуваат во Португалија со ракометната репрезентација на Македонија

Во    IHF   организација ќе се одржат квалификации за учество на европското женско кадетско ракометно првенство во Република Чешка. Квалификациониот  турнир ќе се одржи во Алканена во Република Португалија од 25-27.03 2011. Во организација на Ракометна федерација на Македонија ќе учествува и наша екипа во која  составен  дел се и нашите сограѓанки Елена Манчевска голман и Андреана Неделкова десно крило,  кои биле селектирани од четиресетина девојки од нивна возраст од сите клубови на Република Македонија.

 

Денес Градоначалникот Горан Петров ги прими Елена и Адреана  им го честиташе  досегашниот успех , им посака среќен пат , достојно да го престават градот и државата и да зачекорат по патеката која ќе ги одведе  во светот на  спортските победи. Крајна цел на Ракометната федерација е подготовка на оваа генерација кадети за престојното светско кадетско првенство  2012 год. и јуниорско светско првенство 2013 год. Република Македонија е еден од најсериозните кандидати  за домаќин на двете првенства.