Денес општината ја огреа сонце од детски насмевки

Дојдоа осумдесетина ученици од четврто одделение од ООУ „Блаже Конески“ кои го изучуваат предметот Запознавање со општеството. Со своите наставнички дојдоа да видат и да се запознаат со работата на Градоначалникот, Советот на општината и воопшто со работата во општината. Поставија многу прашања до градоначалникот, кога му е приемен ден, што работи, како функционира Советот на општината, колку жители има општината, колку мажи колку жени, за химната , за грбот на општината, за маскотата , за заштитнит знак, за симболот на општината, разговараа за спортот за на крајот со песна да пренесат порака  за мир, радост и среќа.