Патронен празник на ПОУ „ Маца Овчарова“

Денес во Ликовниот салон се обележа патрониот празник на  ПОУ „Маца Овчарова“ под мотото „Заедно за здрава и чиста животна средина“. Во рамките на манифестацијата беше промовирано еко ЦД и Еко боенка. Училиштето „Маца Овчарова“ покрај зададената програма за реализација на наставата, ја има најодговорната задача – да го претвори училиштето во дом, да го пренесе знаењето со игра, да ја преточи довербата во љубовта. Градоначалникот Горан Петров во оваа пригода им го честиташе патрониот празник и истовремено им се заблагодари  на вработените во училиштето за трудољубивоста, ентузијазмот, креативноста и родителската грижа што им ја даваат на дечињата.

 

Истовремено Градоначалникот им честиташе на оргиналноста на боенката и ЦД-то кој ќе бидат додатен едукативен материјал во наставата на децата кои знаат можеби и повеќе од возрасните, како и зошто треба да ја чуваат природата. На крајот беа врачени еко  дипломи за институции.